25-годишен војник почина на Криволак, му се слошило за време на марш

IMG_3350-800x534.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Дваесет и петгодишен професионален војник почина на полигонот Криволак, за време на марш, откога му се слошило.

Се работи за момче со иницијали А.Ј., кое починало синоќа на КАРИЛ во Скопје.

Од Генералштабот велат дека војникот бил еден од кандидатите кои го посетувале селективниот курс за баталјонот за специјални сили и бил во добра здравствена состојба и одлична физичка подготвеност.  На самиот крај на изведувањето на последната дисциплина од селективниот курс, марш на долго растојание, на него без претходни видни знаци му се слошило во доцните попладневни часови, по 18:30 часот, по што паднал во бессознание.

„Веднаш со армиско болничко возило и во придружба на воен лекар бил однесен во најблиската здравствена установа, здравствениот дом во Неготино, по што по направените интервентни испитувања бил упатен со болничко возило кон КАРИЛ во Скопје. По пристигнувањето, од страна на персоналот се пристапило кон преземање на сите мерки за реанимација, но по кратко време била констатирана смрт“, објави Генералштабот.

Ќе биде извршена обдукција, по што ќе бидат познати причините за смртта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK