2 години локална власт, ВМРО- ДПМНЕ не ја оправда довербата од граѓаните, велат од СДСМ

sdsm-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од партијата СДСМ велат дека поминал половина од мандатот на ДПМНЕ како локална власт во 40 општини, а заклучокот е поразителен, ВМРО- ДПМНЕ ги изневерил граѓаните, на површина испливала целата неспособност на градоначалниците на Христијан Мицкоски.


„Безброј нереализирани изборни ветувања дадени пред граѓаните, безброј нереализирани проекти во изборните програми на градоначалниците на ДПМНЕ. Разочарувањето на граѓаните е уште поголемо, бидејќи наместо прогрес и проекти за унапредување на општините, добија назадување и повисоки сметки за комунални услуги“, велат од СДСМ.

Според нив ВМРОШ ДПМНЕ не ја оправдал довербата од граѓаните.

„Градоначалниците од ДПМНЕ се најголемото разочарување за граѓаните“, велат од СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK