18 пациенти биле примени на Клиниката за токсикологија во Скопје поради акутно труење од алкохол на новогодишната ноќ. Најмладиот има 14 години.
Новогодишната ноќ поминала прилично мирно со помал обем на работа, оценуваат надлежните.
Според Директорот на Клиниката за токсикологија Андон Чибишев на клиниката биле прегледани вкупно 21 пациент од кои 18 како акутни труења со алкохол. Од тие 18 четири биле женски, а 14 машки. Кај женските најмладата пациентна била на возраст од 17, а најстарата 26 години, а кај машките најмладиот пациент бил на возраст од 14, а најстариот 38 години.
Еден од пациентите измешал алкохол и таблети. Според појаснувањето на директорот, акутното труење е индивидуално и може да се случи и со две чаши алкохол.