Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 10 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, осум мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за некористење на сигурносен појас.