Полицијата вчера во Скопје изрече вкупно 104 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции, 29 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за користење мобилен телефон при возење.
Изречени се 11 мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемена безбедноста во сообраќајот и заеднички придонес кон посигурни патишта.