Норвешки научници направија листа на намирници кои можат да ви го продолжат животот

healthy
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Студијата на група норвешки истражувачи од Универзитетот во Берген, објавена во списанието „Plos Medicine“, покажа дека одредена храна може значително да го продолжи нашиот животен век.

Спротивно на тоа, прекумерната потрошувачка на рафинирани шеќери, масти и преработена храна може да предизвика долгорочни здравствени проблеми.


Оптимална исхрана од 20-годишна возраст
За да ја спроведат оваа студија, истражувачите се потпираа на резултатите од глобалната студија за болести и причини за смрт во Кина, Европа и САД.

Се проценува дека неухранетоста е причина за повеќе од 11 милиони предвремени смртни случаи секоја година. Научниците потоа ја споредија таа бројка со други анализи, гледајќи ги ефектите на различните намирници врз нашата долговечност. Така успеале да одредат специфична диета која може да ни го продолжи животниот век за една деценија, пишува gracia.fr.

Каква е таа храна?
За ваква здрава исхрана потребно е да се јаде многу овошје и зеленчук. Не е тајна, но научниците направија листа на намирници кои се особено моќни.

Се чини дека млечните производи не влијаат на долговечноста

Грашокот, леќата и сојата се сржта на оваа диета. Неопходни се и цели зрна, пченка, овес и пченица. Треба да јадете јаткасти плодови, како што се бадеми, ф’стаци и ореви. Од друга страна, црвеното месо и преработената храна треба најмалку да се јаде.

Посебно е интересно што научниците заклучија дека животниот век може да се продолжи за две години веќе ако консумираме само околу 2.000 грама мешунки годишно и јадеме што е можно помалку солена и слатка храна.

Секако, и оние кои се трудат да се хранат здраво, понекогаш јадат нешто што не е најдобро за организмот, но најважно во се е да бидеме упорни и долгорочно да гледаме дека тоа што го внесуваме е квалитетно. Целта е да се усвојат подобри навики во исхраната кои водат до долговечност.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK