Какво влијание има хлорот во базенот врз нашето тело?

bazen hlor
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иако е една од омилените активности во лето, пливањето во базен може да има последици по вашето тело.

Познато е дека хлорираната вода ги убива микробите во базенот, обезбедува подобра хигиена и штити од можни инфекции, но сепак хемиското средство за дезинфекција може да предизвика одредени несакани ефекти.


Сува и иритирана кожа
Сувата кожа често може да биде предизвикана од присуството на хлор и други хемикалии во водата. Засега не се познати случаи на алергија на хлор, но сепак кожата може да биде исклучително чувствителна, што доведува до реакции како што се:

– сува кожа

– чешање

– розацеа

– акни

– осип

Ако вашата кожа е чувствителна и проблематична, важно е да го напуштите базенот и да внимавате доколку забележите некакви промени.

Сува коса
Освен што е штетен за кожата, хлорот не е погоден ниту за косата. Хлорираната вода ги отстранува маслата кои го штитат скалпот, што може да ја направи вашата коса сува и склона кон кршење.

Исто така, хлорот ги разградува протеините во косата, поради што косата полесно се крши. Покрај тоа, оваа хемикалија може да ја осветли и бојата на косата.

Проблем со дишењето
Хлорот што се ослободува во воздухот може да биде штетен за респираторниот систем. Високата концентрација на хлор во базените и непроветрените затворени простории може да доведе до проблеми како што се:

– кашлица

– напад на астма

– течење на носот

– иритација на очите

Хлорот во комбинација со други хемикалии може да предизвика чешање, розацеа, суви очи, насолзени очи и проблеми со видот.

Проблеми најчесто се јавуваат кај луѓе кои редовно пливаат во базен со хлорирана вода. Затоа е важно да внимавате на несаканите ефекти и да бидете сигурни да реагирате на промените.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK