Нутриционистите препорачуваат да јадете одредени овошја наутро за да го забрзате метаболизмот и да изгубите тежина.
Многу овошја се нискокалорични и богати со влакна, што може значително да помогне во губење тежина.
Како што објаснуваат нутриционистите, одредени видови овошје може да го зголемат чувството на ситост. Всушност, редовното консумирање на одредени овошја е поврзано со помала телесна тежина и помал ризик од дијабетес, висок крвен притисок, рак и срцеви заболувања.
Затоа нутриционистите издвоија неколку видови на овошје кое најдобро е да се јаде наутро за поуспешно слабеење и побрз метаболизам.
А тоа се:
грејпфрут;
јаболка;
бобинки;
киви;
лубеница;
портокали;
авокадо.