Да не се чека и одложува, Клиника Жан Митрев со кампања за зголемување на свеста го одбележува месецот на женското здравје

web__300x300
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Клиника Жан Митрев по повод одбележување на месецот на женското здравје ги поттикнува жените да станат посвесни за своето здравје со специјални цени и пакет понуди кои опфаќаат најразлични видови лабораториски анализи, превентивни и дијагностички прегледи.

Здравствените теми кои ги засегаат жените се многубројни, како од физички така и од ментален аспект. Најголемиот страв доаѓа од можна појава на карцином на дојка или јајници. Но, тука се и проблемите поврзани со сексуално преносливите болести, хормоналниот дисбаланс, болестите на срцето или тироидната жлезда, како и менталното здравје. Токму затоа, важно е секоја жена да одвои време за себе со цел превенција, рано откривање и справување со можните заболувања.


Здравјето на жените е повеќе од само да се биде свесен за тоа. Ехо на дојка, 2Д и 3Д мамографија, остеодензитометрија, тумор маркери, ехо на тиреоидеа и тироидни хормони, гинеколошки со ехо/колпоскопија и ПАП тест се дел од пакет понудите коишто ги нуди Клиника Жан Митрев. Закажете преглед денес, не утре. Не одложувај!

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK