Турската актерка Бегум Кутук Јашароглу – гласна активистка за правата на животните

begum_124123
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Убавата турска актерка и модел Бегум Кутук Јашароглу е гласна активистка за правата на животните, деновиве особено за заштита на кучињата скитници во Турција. Таа е вклучена во различни иницијативи и го користи својот профил на „Инстаграм“ за да ја подигне свеста за потребата од подобрување на стандардите за третман и благосостојба на кучињата скитници.

На својот профил на „Инстаграм“ има споделено прекрасна слика за која пишува:


„Имајте прекрасен ден со многу бакнежи од вашите пријатели со шепи.“

Убавата и талентирана актерка ги освојува срцата на социјалните мрежи исто како и на малиот екран. На македонската публика ѝ е позната од серијата „Во виорот на судбината“ на Дизи, која се емитува од понеделник до петок во 23:00 часот. Во серијата, Бегум ја толкува улогата на Дефне, сопругата на шармантниот Караман Јорукан. Дефне доживува сообраќајна несреќа во која го губи бебето, по што не може повторно да забремени и да има деца. Со овој пресврт, во нејзиниот живот и во животот на Караман започнува нов тек на настаните. Очајот доведува до очајни сериозни одлуки…

Бегум  е родена на 27 август 1980 година во Измир, Турција и неодамна го прослави својот 44 роденден. По повод роденденот објави фотографија како спомен од последниот ден на плажа од нејзиниот одмор. До неа напиша дека целото лето ѝ било полно со проблеми и тага, но дека редејќи ги каменчињата едно врз друго си посакала многу желби за својот роденден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK