Медитеранската исхрана за година и пол го подмладува мозокот за девет месеци

mediteranska ishrana
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ако ви треба дополнителен доказ дека медитеранската исхрана е најпосакувана во светот, ќе го најдете во заедничко истражување спроведено во Израел, Германија и американскиот Харвард.

Префрлувањето на диета полна со свеж зеленчук, овошје, риба, цели зрна и маслиново масло прави чуда за биолошката возраст на нашиот мозок, објави меѓународен тим истражувачи, заклучувајќи дека медитеранската исхрана ги забавува знаците на забрзано стареење забележани кај дебелите луѓе по губење на само еден процент од телесната маса.


Биолошко стареење

Скенирањето на мозокот направено по 18 месеци следење на медитеранската исхрана покажа дека возраста на мозокот на учесниците е девет месеци помала од очекуваното, во споредба со проценките за хронолошката старост на нивниот мозок.

Медитеранска исхрана поврзана со намалување на негативните исходи од бременоста

Во истражувањето учествувале 102 учесници и изгубиле во просек 2,3 килограми. За секој изгубен процент од телесната тежина, мозокот на учесниците бил девет месеци помлад од нивната хронолошка возраст, откриле истражувачите.

Знаците на забавено стареење на мозокот се исто така поврзани со пониски нивоа на маснотии во црниот дроб и подобрен липиден профил. Иако се поголем број истражувања сугерираат дека биолошкото стареење предизвикано од стресни настани може да биде реверзибилно, оваа нова студија покажува дека јадењето поздраво може да биде еден од наједноставните начини за подобрување на физичката состојба, без оглед на возраста.

„Нашата студија ја нагласува важноста на здравиот начин на живот, вклучувајќи помал внес на преработена храна, слатки и пијалоци, за одржување на здравјето на мозокот“, рече водечкиот автор и невролог Гидон Леваков од Универзитетот Бен-Гурион во Негев, Израел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK