Се зголемува бројот на млади пушачи во Германија

cigari pushenje
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Процентот на млади пушачи во Германија нагло се зголемил во последните три години, покажуваат податоците од истражувањето „Форса“ нарачано од Фондот за здравствено осигурување KKH.







Дури 11 отсто од луѓето на возраст од 16 до 29 години се опишале себеси како редовни пушачи, во споредба со само шест отсто во 2020 година, објави денеска медиумската група „Функе“.

Според истражувањето, два отсто од испитаниците се опишуваат себеси како повремени пушачи, а 87 отсто како непушачи.

Во возрасната група од 30 до 49 години уделот на редовните пушачи благо се зголемил од 19 на 21 отсто, додека во групата од 50 на 69 години бројот на пушачи паднал од 23 на 19 отсто.

Севкупно, 18 отсто од оние на возраст над 16 години се редовни пушачи, покажа истражувањето.

Вкупно 74 отсто од жените и 77 отсто од мажите изјавиле дека не се пушачи.

„Загрижувачки е фактот што особено младите луѓе пушат повеќе, и тоа редовно“, изјави за Функе Мајкл Фалкенштајн, експерт за проблеми со зависности.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK