Натали Портман се раздели со Бенжамин Милепид по 11 години брак

natali portman
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Натали Портман и нејзиниот сопруг Бенжамин Милепид се разделиле по 11 години брак, потврди неименуван извор за „Ју-ес викли“ (Us Weekly).

„Откако се појавија вестите за неговото неверство, тие се обидуваа да работат на нивниот брак, но во мигов се на различни страни“, раскажува изворот.


Инаку, двојката што го има синот Алеф (12) и ќерката Амалија (6) – ги разгореа гласините за нивната разделеност на 11-годишнината од бракот овој петок, кога глумицата беше забележана без нејзиниот венчален прстен на спортски натпревар во Сиднеј, Австралија.

Во јуни се појавија гласини дека Милепид (46) има афера со речиси двојно помладата климатска активистка Камил Етјен. Во тоа време, Портман неофицијално остана посветена на нивниот брак и покрај наводното неверство.

Но, друг анонимен пријател, сепак, соопшти дека Портман не знае дали таа и нејзиниот сопруг ќе можат да ја обноват својата врска по скандалот.

„Во мигов, тие разговараат и работат на тоа заедно за доброто на нивните деца“, појасни изворот, додавајќи дека Милепид „се кае за своите постапки“.

Портман и Милепид се запознаа 2009 година додека работеа на трилерот „Црн лебед“ на Дарен Аронофски, којшто се појави во кината следната 2010 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK