Мајкл Џ. Фокс падна на сцената во текот на панел од дебатата „Враќање во иднината“, што викендов се одржа во Филаделфија, пренесува „Дејли мејл“.
Пензионираниот 61-годишен актер, кому во 1991 година му беше дијагностицирана Паркинсонова болест, ја загуби рамнотежата додека се качуваше на сцената.
За среќа, ударот го ублажил каучот на кој паднал, а актерот не се повредил и по падот брзо продолжил со панелот.
Во таа прилика му се придружија и неговите колеги од „Враќање во иднината“ Кристофер Лојд (84) и Том Вилсон (64).
Медиумите го објавија неговиот пад нешто повеќе од еден месец откако тој јавно изјави дека неговата 30-годишна битка со Паркинсоновата болест се влошува.
Фокс, кој го играше култниот Марти МекФлај во сите три филмови „Враќање во иднината“, дојде на панелот облечен лежерно: во црни фармерки и тексас јакна преку бела маица.
Во април, Фокс искрено зборуваше за неговата борба со Паркинсоновата болест, велејќи дека станува се потешко и потешко.
„Секој ден е се потешко… Така е“, додал познатиот актер.