Компанијата „Јато Динамикс“ собрала податоци за продажбата на автомобили од 53 пазари во светот во првиот квартал од оваа година.
По анализата на добиените податоци, откриено е дека Tesla Model Y е најпродаваниот автомобил во првиот квартал од 2023 година.
Tesla Model Y
Уште во август 2022 година, извршниот директор на Tesla, Илон Маск, објави за време на годишниот состанок на акционерите на компанијата дека Model Y ќе стане најпродаваното ново возило во светот во 2023 година. Иако продажбата на моделот растеше брзо, во тоа време ова се сметаше за многу оптимистичка цел, со оглед на високата цена на овој теренец со средна големина.
Но, неодамнешните намалувања на цените и глобалната експанзија на Tesla ја зголемија побарувачката за Model Y. Патем, тој беше трет најпродаван автомобил минатата година, зад само два многу популарни модели: Toyota RAV4 и Toyota Corolla. Според податоците од 152 пазари, Tesla продал 747.500 примероци од Model Y, што е зголемување за 91 отсто во однос на 2021 година, пишува motor1.com.