Одбележете ја Ноќта на вештерките со неколку добри хорор филмови

scream_214312321
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Како што времето станува се постудено, а есенското шумолење на лисјата може да ја подгреат морничавата атмосфера, ентузијастите што сакаат хорор-филмови ќе имаат шанса за Ноќта на вештерките да започнат една нова филмска сезона на страв и трепет.

Ова е совршено време за чинија пуканки, затемнета просторија и нуркање во застрашувачкиот свет на хорор киното. Оваа година, „Halloween Ends“ и „Scream“ (и двата филма се изданија од 2022 година и може да се најдат на стриминг платформата SkyShowTime) се задолжителни за да што ја направат Ноќта на вештерките филмско возбудливо патување.


“Scream“ (2022)

 Кога ноќта ќе падне на Вудсборо, маската на Ghostface повторно се појавува, сигнализирајќи крваво обединување со ужасите од минатото. Сем Карпентер се враќа во својот роден град откако нејзината сестра ќе стане жртва на застрашувачкиот Ghostface. Очајна за одговори и решение, таа бара помош од храбриот Диви Рајли за да го разоткрие убиецот. Сепак, предупредувањето стигнува до никој друг освен до Сидни Прескот и Гејл Ведерс, преживеани од немилосрдното мачење на Ghostface во претходните делови. Бидејќи минатото директно се судрува со сегашноста, градот Вудсборо станува бојно поле на опстанок и откривање на тајни, каде што опстојува застрашувачкото наследство на Ghostface.

“Halloween Ends” (2022)

 Децениската борба на Лори Строд против немилосрдното зло, Мајкл Мајерс, конечно ја достигнува својата кулминација во „Halloween Ends“. Поминуваат четири години од нивната последна средба што ја ежи кожата. Лори, која сега живее со својата внука, се труди да ги запише своите мемоари и да го остави своето мачно минато зад себе. Мајерс е неактивен, и се чини дека теророт е завршен. Но, кога еден млад човек ќе се најде себеси обвинет за страшно убиство, темнината повторно се спушта, предизвикувајќи пекол на насилство и страв. Лори е принудена да се соочи со злото што го опседнува нејзиниот живот, што доведува до наелектризиран, трогателен заклучок за иконската сага за Ноќта на вештерките.

Иако овие два филма се дефинитивно врвни препораки за филмски маратон оваа Ноќ на вештерките, SkyShowtime нуди избор и на други хорор филмови кои ве вознемируваат се со цел да ве забавуваат во текот на целата сезона. Ако ви се допаднат претходните препораки, тогаш предлагаме да ги погледнете и „Smile“ (2022), „Black Phone“ (2021) или брилијантниот „Nope“ (2022) на режисерот Џејсон Пил.

Овие опции, заедно со „Scream“ и „Halloween Ends“, сигурно ќе ја направат прославата на Ноќта на вештерките прекрасно но застрашувачко и возбудливо филмско искуство. Активирајте го вашиот профил на стриминг платформата SkyShowtime и уживајте во долгите часови на врвна забава!

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK