Во Епизода 4 од серијата ТВ Такси 28, Ана Стрезо и Стефан се сретнаа со средношолците Давид и Бојан од СЕТУ„ Михајло Пупин“, училиштето кое направи енергетска револуција во Македонија.
„Прво училиште сме во Македонија кое поставило фотоволтаична централа и ја искористуваме таа енергија лично за нашите потреби, а вишокот се враќа во мрежата.“, вели Давид трета година во СЕТУ„ Михајло Пупин“.
Верувале или не напорите на училиштето не застанале во 2019 со поставувањето фотоволтаична централа со моќност од 12 киловати и 42 соларни панели туку постојано го надоградувале системот, а опремиле и лабораторија за фотоволотаици по европски стандарди за стекнување на практични знаења од областа на енергетиката, фотоволтаиците и обновливите извори на енергија.
„Иднината на човештвото е во обновливите извори на енергија“, вели средношколецот Бојан oд СЕТУ„ Михајло Пупин“, „таа чиста енергија може да напојува од телефони до автомобилите и да биде дел од секој аспект на нашиот модерен живот.“
Дали последиците од климатските промени се реална закана за сите? Дали енергетските ресурси се на минимум? Кои се алтернативни извори на енергија во Македонија и кои се европските истражувања и иновации на ова поле? Кои се нашите опции и дали имаме национална стратегија?
Ова се само дел од прашања на кои одговори бараат многумина но во Епизода 4 од ТВ Такси 28 ги слушаме ставовите на Бојана Стефаноска, магистранд по нуклеарна фузија на Универзитетот „Екс-Марсеј“и еден од најбрилијантните млади умови во физиката како и Гоце Џамбазовски од ЕСМ, а интересно е дека и познатиот македонски шоумен Игор Џамбазов има што да каже на темата.
Погледнете ја епизодата на https://www.youtube.com/watch?v=jlZUdu2tF6M