Новиот блескав знак X од компанијата на Илон Маск ги вознемирува граѓаните на Сан Франциско

x
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Компанијата на Маск во петокот постави лого „Х“ на покривот на седиштето на улицата Маркет, што ги налути соседите незадоволни поради интензивната светлина, изјави градскиот градежен инспектор во Сан Франциско.

Маск, кој го купи Твитер во октомври 2022 година за 44 милијарди долари, најави дека преименуваната фирма ќе продолжи да работи во Сан Франциско, иако неодамна го нарече градот „вител на пропаст, од кој компаниите заминуваат една по друга“.


Работењето на компанијата X во Сан Франциско може да биде добар знак за градот кој се бори да се опорави од пандемијата.

„Прекрасен Сан Франциско, иако другите ве напуштаат, ние секогаш ќе бидеме ваши пријатели“, напиша Маск.

Меѓутоа, не сите жители на Сан Франциско се заинтересирани за пријателството на Маск. Во текот на викендот, луѓето снимија видео од џиновскиот x како свети, пулсира и трепка, критикувајќи ги неговите агресивни светлосни ефекти. Ова, секако, предизвика лавина коментари на оваа платформа, меѓу другото, некои велат дека новото блескаво лого сигурно ги плаши оние кои имаат епилепсија.

„Не треба ништо да замислувате, вака изгледа мојот живот сега.

Потврдено е дека ќе биде покрената истрага за овој проблем, пишува лондонски Гардијан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK