Пробајте трик што ќе ви ги спаси нервите во текот на студените зимски денови, кога носиме капи, шалови, џемпери… Секогаш чувајте едно нешто во вашата чанта.
Го знаеме тоа чувство кога излегуваме од дома во зима и не останува ништо од фризурата што претходно сме ја стилизирале за на работа.
Синтетички и волнени капи, шалови, џемпери… Сето ова, поради студениот воздух, кој има „непријателски“ ефект врз нашата коса, која се електрифицира додека стигнеме до нашата дестинација, а кога се обидуваме да ја смириме, станува уште полошо.
И тогаш доаѓаме до вечното прашање – како да ја скротиме косата и да го поштедиме нервниот систем?
Верувале или не, алуминиумската фолија е одговорот.
Ја имате дома и ја користите за разни други работи – најчесто оние за кои е наменета, но има и голем број трикови во домаќинството – и сега би било добра идеја да ја пробате во борбата против статичкиот електрицитет што ја уништува вашата фризура.
Се препорачува секогаш да носите топче алуминиумска фолија во вашата чанта, што може да помогне во спречувањето и привременото отстранување на овој проблем.
Без разлика дали имате долга или кратка коса, поминувањето алуминиумска фолија преку прамените може да го „собере“ статичкиот полнеж и да ја смири косата.
Важно е фолијата да се помине по целата должина на косата, од коренот до врвовите. Иако ефектот е краткотраен и не е решение за цел ден, можете да ја повторите постапката неколку пати.