За Шерон Стоун, нејзините деца се нејзиниот приоритет.
22 години откако беше на работ на смртта по претрпениот мозочен удар, Стоун сподели за „Пипл“ како мајчинството влијаело врз неа. Таа се чувствува благодарна што не му дала предност на Холивуд пред мајчинството.
Актерката (65) која доживеа излив на крв во мозокот во 2001 година потенцира дека не жали што семејството го направила свој приоритет број еден.
Шерон Стоун и синот Рон Бронстин
Шерон и синот Лерд во 2015 година
Во интервју за „Пипл“, Шерон, која ги има синовите Рон (23), Лерд (18) и Квин (17), рече: „Благодарна сум што го избрав мајчинството како здрав пристап во мојот живот и што не му дадов приоритет на Холивуд, бидејќи сигурно јас не бев на место број што се однесува до нивните приоритети.“
Шерон беше една од најбараните актерки во филмскиот бизнис пред да ѝ се влоши здравјето.
Холивудската ветеранка смета дека здравствените проблеми ѝ наштетија на нејзината кариера.
„Ги изгубив сите оние работи за кои сметаш дека се твојот вистински идентитет и твојот живот,“ вели таа во интервјуто. „Никогаш не го добив назад поголемиот дел од сето тоа, но стигнав до точка каде што сè е во ред, се чувствувам среќна со тоа каде сум моментно во мојот живот.“
Во меѓувреме, Стоун претходно сугерираше дека нејзината репутација на „тешка“ ѝ наштетила на нејзината кариера.
Актерката беше отворена за различни прашања во текот на годините и, смета дека нејзината искреност го поткопала нејзиниот потенцијал за заработка.
„Мислам дека кога ги кажував сите овие работи за кои сега Камала Харис, нашата прекрасна потпретседателка, и Мишел Обама и Хилари Клинтон сега жестоко расправаат – за правата на жените, тоа прилично ми ја отежна филмската кариера.“
„Луѓето ме сметаа за тешка затоа што ги барав работите адекватни за мене и за другите жени и, очекував да ги добијам.“
Шерон Стоун и Роберт де Ниро во филмот „Казино“ (1995)