На полуостровот Рејкјанес во југозападен Исланд, во близина на главниот град Рејкјавик, еруптираше вулкан по интензивна сеизмичка активност во областа, соопшти Метеоролошката служба (ИМО).
-Во овој момент, тоа е многу мала ерупција, рече Метју Робертс од одделот за услуги и истражување на ИМО.
Тој додаде дека нема директна непосредна опасност за луѓето кои живеат во регионот.
-Ерупцијата беше потврдена во 16:40 часот по Гринич, додаде тој.
Експертите од ИМО ќе проценат точно каде излегува лавата и како се развива ерупцијата во следните часови.
Сликите и преносите во живо на локален медиум покажуваат лава и чад како излеваат од пукнатината во земјата на страната на планината Фаградалсфјал.