Во Франција пронајдени 40 овци незаконски чувани во социјален стан

ovci
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во градот Ница на југот на Франција, откриени биле 40 овци во социјален стан којшто требало да биде празен.

Животните биле обележани и сместени во стан од 50 квадратни метри обложен со слама. Полицијата пронашла и веќе заклана овца во станот. Во случајот, уапсени се двајца мажи кои носеле маици измачкани со крв, објави телевизијата „Франс 3“.


Надлежните се сомневаат дека овците требало незаконски да бидат заклани пред муслиманскиот празник, Курбан Бајрам.

Овците биле предадени на одгледувач.

Со цел да се спречи незаконско користење празен стан, здружението за домување постави посебно обезбедена врата. Крим-службата ги нашла овците во неделата, пo проверка на станбената зграда.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK