Вил Смит го прекина молкот за брачната драма

Вил-Смит-го-прекина-молкот-за-брачната-драма.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вил Смит сподели дрска порака игнорирајќи ја објавената „бомба“ од неговата сопруга Џејда Пинкет Смит.


Вил јасно даде до знаење дека нема да се меша во драмата откако Џејда откри минатата недела откри дека живеат одвоено од 2016 година и дека не биле маж и жена кога тој му удри шлаканица на Крис Рок на сцената на „Оскарите“ минатата година.

Смит сподели видео на кое се гледа дека е на брод и ужива. Неговиот телефон зуи со низа нотификации, но тој го игнорира сето тоа, лежи со затворени очи.  „Забавен факт за мене – можам да дремнам речиси секаде,“ вели тој.

„Ги исклучив нотификациите,“ напиша тој покрај видеото. Многумина мислат дека алудира на хаосот што настана по изјавата на Џејда.

Луѓето останаа збунети од реакцијата на Вил во која се чини дека се шегува за статусот на нивната врска.

Тој сепак се обиде да биде посериозен во врска со бомбастичните откритија на сопругата Џејда во нејзините претстојни мемоари „Ворти“.

Во е-пошта до „Њујорк тајмс“, оскаровецот вели дека книгата, на некој начин, го разбудила.

„Кога сте со некого повеќе од половина од вашиот живот, настанува еден вид емоционално слепило.“

Џејда во интервју за „Ен-би-си“ минатата недела откри дека таа и нејзиниот сопруг живеат одвоено во последниве седум години. Џејда мислела дека шлаканицата е шега. „Помислив: ова е скеч, нема шанси Вил да го удри. Дури кога тргна назад кон своето седиште, сфатив дека не е скеч,“ додаде таа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK