Бидејќи ги обожава „голите изданија“ и најчесто ја гледаме разголена на јавни настани, убавата Дакота Џонсон го спои убавото и корисното. За да промовира нов модел на фармерки од познат моден бренд, таа позираше речиси гола, во опуштена атмосфера во куќа во Калифорнија. И, одлично се снајде.
„Беше многу опуштено. Свиреше одлична музика, многу се шегувавме, најчесто шетав гола, а многу луѓе избегнуваа контакт со очи со мене“, рече таа во интервју за Harper’s Bazaar.
View this post on Instagram
Позираше во два модели на фармерки; еден тесен и еден популарен широк, а широките фармерки се и нејзиното омилено парче облека приватно.
„Ги обожавам широките фармерки, бидејќи ја носат целата комбинација, а овие се совршени – широки, лежерни, за комбинирање со елегантен топ“, рекла актерката, која признава дека дома обично шета во долна облека, и дека нејзините омилени гаќички се танги.
View this post on Instagram
„Долната облека на Calvin Klein што навистина ми се допаѓа во моментов се боксерки, бидејќи спијам во нив, а потоа наутро можам да шетам низ куќата и да правам работи… Кога ќе се вратам дома ги соблекувам панталоните, особено ако е жешко, па секогаш сум дома во долна облека, таква сум“, беше искрена Дакота.
View this post on Instagram
„Најчесто носам танга. Јас сум таков тип. Исто така, овие производи на CK… Како да не носиш ништо, го обожавам“, коментираше таа за новата колекција.