(Видео) Српската пејачка го прекина настапот и откри зошто не ја сакаат сопствениците на клубови

Screenshot-2024-09-17-085559.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српската пејачка Наташа Беквалац на својот настап откри дека сопствениците на клубовите не се воодушевени кога таа настапува бидејќи, како што вели, на нејзините концерти најчесто присуствуваат жени кои не пијат колку мажите.



Пејачката имаше настап во клуб, а за време на настапот им се обрати на присутните жени, а снимката се прошири на социјалните мрежи.

@estrada.mussic 👏🏽👏🏽👏🏽 #natasabekvalac #budva #ponovo #montenegro🇲🇪 #srbija🇷🇸 #beograd #fypシ゚viral #goviral #bulgaria🇧🇬 #fyp ♬ original sound – estrada.musiic

„Сопствениците на дискотеки и клубови главно превртуваат со очи кога треба да гостувам, не им се допаѓа, велат дека жените доаѓаат на моите настапи, чест на исклучоците, а за жените велат дека не трошат. Нема голем пазар кога ќе дојдам, а на моите драги жени би им рекла да работат, да бидат вредни, да си ги платат пијачките и сметките, па моите настапи секогаш да бидат полни со жени, кои имаат свои пари, бидејќи јас секогаш ќе пеам песни само за жени“, рече Наташа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK