Поминаа доста години кога Софија беше активна на домашната сцена. Сигурно многумина од вас се сеќаваат на нејзините песни како што се: „Љубов или нешто друго“, „Лигав тип” и уште неколку други..
Но, после една таква пауза, Софија вчера најпрво на социјалните мрежи ја објави својата нова песна со наслов “Момче Македонче”, за која сними и видеоспот.
Како автори на песната се потпишуваат, односно текстописец е таткото на Софија, Перо Манев, додека пак музиката заеднички ја потпишуваат со Тони Соколов – Цока.
Видеоспотот се снимаше во срцето на турската чаршија во Скопје, а покрај Софија во него се појавуваат уште неколкумина статисти.
„После десет години го рестартирав своето студио и одлучив повторно да создавам своја авторска музика. „Момче Македонче“ е првата песна со која сакам да го најавам моето враќање на сцена. Инаку морам да споделам дека наредниов период ќе сме доста посветени на создавање нови песни и се надевам дека она што ке го понудиме ќе биде добро и освежување за македонската поп – музика и дека ќе успее да допре до сите вас на различен начин”.