Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ им го честита Божиќ на сите што го прославија на 25 декември.
Ѓоковиќ и неговото семејство, во согласност со православните обичаи, го слават Божиќ на 7 јануари, но Новак објави специјално видео за своите пријатели што го прават тоа на 25 декември.
Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an
„Честит Божиќ на сите што слават денес. Ви посакувам и среќна Нова година, која доаѓа за неколку дена. Се надевам дека сите ваши соништа ќе се остварат. Лично, сакам помирен свет, свет со повеќе разбирање, љубов и сочувство. Се надевам дека ќе имаме прекрасни тениски моменти во светот. Одиме во новата 2024 година. Сè најдобро“, изјави Ѓоковиќ.
Зборовите на Новак имаат посебна тежина поради целокупната ситуација во светот, а тенисерот го чека средба со Карлос Алкараз во Ријад, а потоа и Јунајтед-купот во Австралија и загревањето за Австралија опен, каде што ќе ја брани титулата освоена во 2023 година.