(Видео) Рита Ора се расплака на концерт поради Лиам: Не можам да пеам

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рита Ора одржа концерт во Јапонија во средата навечер, а во еден момент додека ја пееше песната For You од 2018 година, која ја објави со Лиам Пејн, ја обзедоа емоции и се скрши на сцената.



Музичарот почина во средата откако падна од балкон на хотел во Буенос Аирес. На концертот пејачката почна да го пее нивниот дует, а на екранот на сцената се појави нивната заедничка фотографија.

„Не можам ни да пеам во моментов“, рече таа, а потоа седна на сцената и ја држеше главата додека публиката ја пееше песната.

Инаку, Ора на социјалните мрежи се прости од својот колега на кој му посвети трогателна објава заедно со нивната заедничка фотографија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK