(Видео) Реакцијата на Мелани Грифит на прашање за момчето на нејзината ќерка открива сè: Дали Дакота има благослов?


dakota-dzonson-depositphotos_613966434_xl.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Актерката Дакота Џонсон (36) повеќе не ја крие својата љубов кон Такер Пилсбери (28), попознат под уметничкото име „Rol Model“.


Двојката е видена неколку пати низ градот, а последниот пат разменуваа нежности пред сите, па затоа никаква дополнителна потврда за романсата не беше потребна.

Иако сè е веќе јасно, мајката на Дакота, познатата Мелани Грифит, ја официјализираше нивната врска со својата изјава.

Папараците ја следеа Мелани и успеаја да ја прашаат што мисли за новиот избраник на нејзината ќерка, како и дали двајцата имаат нејзин благослов.

„Секако дека имаат, мислам дека е фантастичен“, кратко рече Мелани.

View this post on Instagram

A post shared by curators of pop culture (@deuxmoi)

Дакота Џонсон беше во бурна врска со Крис Мартин до минатата година, дури и се свршија, но нивната љубов заврши по осум години. Очигледно, Дакота не е подготвена за брак и сè уште сака да биде што е можно повеќе посветена на својата кариера.

Познато е дека актерката многу добро ја чува својата приватност, па како што нема многу детали за нејзината претходна врска, многу малку се знае и за оваа сегашна.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK