(Видео) Рајан Гослинг воодушеви со својот настап на Оскарите, му се придружи и Слеш од Guns N’ Roses

rajan-gosling-slesh.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рајан Гослинг ја имаше веројатно најдобрата музичка изведба на Оскарите. Тој ја изведе песната I’m Just Ken од филмот Барби, која беше номинирана за најдобра песна, а во еден момент му се придружи и Слеш од бендот Guns N’ Roses. Инаку, Слеш учествуваше во создавањето на песната.


На Гослинг на сцената му се придружија и неговите колеги од филмот, а на крајот доби овации од публиката, која не го криеше ентузијазмот.

Гослинг излезе од сцената и влезе во толпата за да ги најде своите колешки од Барби, Америка Ферера, Маргот Роби и режисерката Грета Гервиг, кои му помогнаа да ја пее песната. Како што минуваше покрај неговата колешка во Ла Ла Ленд, оскаровката Ема Стоун минатата ноќ, тој ѝ го подаде микрофонот да отпее реплика – што таа го направи, импресивно, од збор до збор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK