(Видео) „Природно е“: Бени Бланко откри бизарен детал од бракот со Селена Гомез


selena-gomez-depositphotos_615463158_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Музичкиот продуцент Бени Бланко изјави дека луѓето треба да го нормализираат испуштањето гасови пред своите партнери.


Бени Бланко, партнерот на поп-ѕвездата и претприемачка Селена Гомез, неодамна се појави во нова епизода од серијалот „SubwayTakes“. Тој разговараше за разни теми, но фокусот беше ставен на врските и на испуштањето гасови пред партнерот.

„Тоа е сосема природна работа“, рече Бланко. Тој објасни: „Уште од самиот почеток сакам да кажам: ‘Еј, имавме одличен оброк. Беше вкусен и не мораме да се криеме во бањата поради тоа’. Испуштаме гасови. Едноставно, нека се случи тоа“, рече тој.

Сепак, музичкиот продуцент нагласи дека испуштањето гасови е „во ред“ само доколку и двајцата партнери се подготвени да учествуваат во тој чин. Потоа се пошегува за тоа како звучат неговите гасови.

„Моите звучат како нешто од анимиран филм. Кога Багс Бани би испуштил гас, би звучел точно како мене“, опиша тој.

Неодамнешната изјава на Селена Гомез е доказ дека парот сè уште е лудо вљубен. Во интервју за списанието People, таа рече дека и по првата година од врската, таа и Бланко „сè уште се во фазата на меден месец“.

„Го обожавам тоа. Прекрасно е чувството да имаш партнер кој навистина те слуша и те прифаќа целосно, без оглед на твоето расположение или како ти тече денот. Тоа е сè што би можела да посакам“, рече 34-годишната Селена Гомез. „Едноставно ми треба тој и го сакам, така што сè е одлично.“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK