­

(Видео) Педро Паскал: Не сум во врска со Џенифер Анистон, ние сме само добри пријатели


Screenshot-2025-03-27-080639.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Неодамна се појавија гласини дека Педро Паскал и Џенифер Анистон се во врска. Тие беа видени заедно на вечера во Калифорнија, што предизвика бурни реакции во јавноста. Меѓутоа, сега Паскал ги демантираше гласините дека има нешто меѓу нив.


„Јас и Џенифер сме навистина добри пријатели. Вечерав со неа во саботата, тоа беше забавна мартини вечера”, коментира актерот за Entertainment Tonight на премиерата на втората сезона на серијата Last Of Us, во која глуми.

Тој исто така се пошегува дека гласините за неговата врска со Анистон започнале поради нејзината „поголема слава“. “Сето тоа е поради неа. Едноставно уживам”, рекол тој.

Актерот даде слична изјава и на другите новинари на настанот, нагласувајќи дека тој и Џен биле само добри пријатели кои оделе на вечера со заеднички пријатели.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK