На доделувањето на Оскарите беше прикажан традиционалниот сегмент In Memoriam во чии рамки Академијата се сеќава на истакнати личности кои починаа во изминатата година.
Имињата и кратките клипови беа придружени од Андреа и Матео Бочели кои пееја It’s Time to Say Goodbye, а на сегментот му претходеше клип посветен на Алексеј Навални, рускиот опозициски лидер кој почина минатиот месец.
Инаку, документарниот филм за Навални доби Оскар за долгометражен документарен филм на минатогодишното доделување на Оскарите.
Меѓу споменатите во сегментот In Memoriam беа Хари Белафонте, Гленда Џексон и Рајан О’Нил. Таму беа и Том Вилкинсон, Стела Стивенс, Метју Пери, Ричард Луис, Тина Тарнер, Роби Робертсон, Мајкл Гамбон и Џулијан Сендс.