(Видео) „Мислев дека ќе бидам мајка на девојчиња“: Ријана зборуваше за родителството

Видео-„Мислев-дека-ќе-бидам-мајка-на-девојчиња-Ријана-зборуваше.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Познатата пејачка Ријана пред неколку месеци роди втор син кому таа и нејзиниот партнер му го дадоа името Рајот.


Пејачката сега присуствуваше на еден настан, а на црвениот тепих зборуваше за родителството, како и за тоа како нејзиниот првороден се однесува како постар брат.

На самиот почеток таа одговори на прашањето дали има нешто што не може да направи.

@entertainmenttonight Rihanna is all about that boy mom energy 💙🍼 #rihanna ♬ original sound – Entertainment Tonight

„Засега е тоа да родам ќерка. Мислам, засега. Следниот пат ќе имам 75 отсто шанси да родам машко, па… држиме палци“, изјави таа за „Е! Њуз“.

По тоа, таа посочи и како РЗА се однесува кога дошло новото бебе.

„На почетокот се мачеше, но го сака својот помал брат. Секојпат кога ќе помисли дека не го гледаме, ќе дојде и ќе го допре. Ако бебето плаче, само ќе го држи за рацете. Боли кога бебето плаче. Наутро ќе се разбуди велејќи: „Бебе, бебе, бебе“. Го сака. Беше потребно некое време, но сега се навикна и се гордеам со него“, истакна пејачката.

Признава и дека одлично се чувствува во куќа полна со момчиња.

„Сепак, тие се најдобри. Сега имам куќа полна со момчиња. Мислев дека ќе бидам мајка на девојчиња, но јас сум мајка на момчиња. Тоа ми се допаѓа“, заклучила Ријана.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK