Принцот Хари и Меган Маркл со години живеат далеку од влијанието на кралското семејство и Велика Британија, а се сместија во својот нов живот во Монтесито, каде што уживаат во семејна идила со нивниот син Арчи и ќерката Лилибет.
Иако поранешната војвотка од Сасекс не споделува често фотографии на кои е вклучено нејзиното семејство, таа прави исклучок за празниците, а сега покажа како го прославиле Велигден.
Серија снимки од дворот на кои се гледаат празничните декорации, како и Меган и Хари како уживаат во времето поминато со своите деца, привлекоа големо внимание, главно поради нивниот „затегнат“ однос со монархијата.
View this post on Instagram
И овој пат, Меган не го прекрши правилото и не ги покажа лицата на своите деца, туку ги снимаше додека трчаа боси по тревникот, си играа со птици и носеа корпи со украсени јајца.
„Среќен Велигден“, напиша Меган под објавата, но никој не можеше да ѝ одговори бидејќи одамна ја отстрани опцијата да коментира за сè што објавуваше на социјалните мрежи.