Откако помина со месеци облекувајќи се како Барби и рекреирајќи ги легендарните комбинации на најпознатите кукли во светот, Маргот Роби на синоќешното доделување на Оскарите јасно стави до знаење дека нејзините денови на Барби се завршени. На доделувањето на Оскарите, актерката одлучи да организира „прикладен погреб за куклите, во стилот на Барби“.
Маргот се појави во црн фустан со потпис на Версаче и со тоа го означи крајот на розовата ера. Многумина нејзиниот потег го протолкуваа како протест поради тоа што не е номинирана во категоријата за најдобра актерка, но и поради тоа што номинацијата ја заобиколи режисерката на филмот Грета Гервиг.
„Маргот Роби се облече за погреб на Барби на Оскарите“, напиша американски Вог кога актерката се појави на црвениот тепих, а нејзиниот потег го толкуваа и многу други странски медиуми. Некои заклучија дека фустанот го предвиде неуспехот на филмот на доделувањето – од осум номинации, на филмот му беше доделена само една статуетка и тоа за најдобра песна.