(Видео) „Мајко силна“ на Александар Тарабунов нова песна од проектот „Македонијо, во срце те носиме“


Tarabunov.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ продолжува да го буди патриотскиот дух и љубовта кон нашата земја со нова песна која допира до срцата на сите Македонци. Овој пат, тоа е „Мајко силна“ авторската композиција на Александар Тарабунов – композиција која, како што открива Тара, тлеела одамна, но сега конечно е реализирана во рамките на овој значаен проект.


Музиката и текстот се со негов потпис, додека во аранжманот свој удел има и маестро Николче Мицевски. Ова дело, кое долго време зреело во творештвото на Тара, го оживува бесценетото чувство за припадност и гордост што ја карактеризира македонската душа. „Песната ја истакнува вечната врска меѓу човекот и неговата земја, испреплетувајќи традиција и современ звук. Воедно во духот на патриотската мисија на проектот, го продолжува силното влијание на претходните изведби и ја одразува темелната љубов кон нашите корени и иднината што ја градиме заедно“.

Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ работен под палката на Скендеровски продукција, има за цел да ѝ даде нови живописни бои на македонската традиција и да обои Македонија со најубавите звуци. Со голема почит кон корените и наследството, проектот досега го оживеа духот на неколку од највпечатливите македонски песни: „Не кажувај либе добра ноќ” (Огнен Здравковски), „Како пиреј” (Ламбе Алабаковски), „Се собрале комитите” (Миле Кузмановски), „Како што е таа чаша” (Спасен Силјаноски) „Ја излези стара мајко”(Марија Спасовска), „По друм одам мајче“ (Мина Блажев), „Горда Македонка“ (Зуица Лазова), „Запејте сите ангели“ (Бојана Скендеровски) и „Нека живеј Македонија (Сузана Спасовска).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK