(Видео) Линда Евангелиста изјави дека не станува од кревет за помалку од 10.000 долари, сега се кае за тие зборови

Screenshot-2024-09-11-094443.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Познатата манекенка Линда Евангелиста во новиот документарен филм In Vogue: The 90s, кој ќе има премиера на Дизни плус во петок, се осврна на нејзината позната изјава од 1990 година, која многумина ја сметаа за скандалозна и крајно арогантна, пренесува Индипендент.



Имено, кога новинарот на Вог, Џонатан Ван Метер ја прашал колку заработува, таа одговорила „нема да станеме од кревет за помалку од 10.000 долари дневно“, мислејќи на себе и на нејзините колешки како Наоми Кембел и Синди Крафорд.

Линда тогаш доцнела еден час на интервјуто.

Недолго по таа изјава, уредничката на Вог Ана Винтур стапи во контакт со новинарот и го изрази своето незадоволство од изјавата велејќи дека звучи грубо. Сепак, Џонатан успеа да го објави интервјуто.

Линда Евангелиста сега откри дека и по 34 години се кае за тие зборови.

„Немав поим дека таа изјава ќе предизвика толкаво внимание. Не сакам да бидам позната по тоа. Постигнав многу во кариерата, а таа изјава сè уште ме следи“, изјави манекенката која ретко се појавува во јавноста, во документарецот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK