(Видео) Куче во САД изело 4.000 долари, ги нашло во плико во кујната

Видео-Куче-во-САД-изело-4000-долари-ги-нашло-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кучето по име Сесил од Пенсилванија, изело 4.000 долари кои неговите сопственици Клејтон и Кери Ло ги тргнале на страна за градежни активности.


На почетокот на декември, Клејтон Ло оставил плик со 4.000 долари на кујнскиот пулт во неговиот дом во Питсбург, Пенсилванија, наменет за изведувачот кој ја поставил нивната ограда.

Околу 30 минути подоцна, Клејтон го нашол својот миленик како ужива во најскапиот оброк во својот живот, јавува Би-Би-Си.

„Клејтон почна да вика: Сесил јаде 4.000 долари!“, изјави Кери Ло во интервју.

Сопствениците потоа го повикале ветеринарот, кој им рекол дека е потребно само да го надгледуваат нивното куче.

Кога Сесил почнал да го „фрла“ она што го изел, семејството се обидело да ги залепи уништените банкноти од 50 и 100 долари.

На нивна среќа, банката ги заменила повеќето, но не успеале да вратат назад 450 долари.

Слична ситуација се случила и во 2022 година, пренесува Newsweek, кога лабрадор на жена од Флорида изел 2.000 долари во кеш.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK