(Видео) Конечно проговори за аферата на својот сопруг и докажа дека е вистинска дама


11307084.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кетрин Зита-Џонс докажа дека е вистинска дама, и покрај актуелниот скандал поврзан со нејзиниот сопруг, Мајкл Даглас.


Само два дена откако нејзиниот сопруг, Мајкл Даглас, објави мемоари во кои отворено призна дека имал афера со една колешка, актерката Кетрин Зита-Џонс беше забележана на улиците на Њујорк во комбинација што привлече внимание и погледи полни со восхит. Таа носеше црни кожни хеланки и едноставна црна маичка.

View this post on Instagram

A post shared by curators of pop culture (@deuxmoi)

Ова создаде изглед во стилот на „темен гламур“, кој таа го надополни со високи потпетици, додавајќи доза на заводливост на целата комбинација. Таа ги поздрави собраните фотографи со блескава насмевка, покажувајќи им на сите дека моменталната ситуација околу мемоарите на нејзиниот сопруг воопшто не влијае врз неа.

Во таа насока, таа неодамна гостуваше во емисијата The Today Show, каде што се осврна на темата за мемоарите на Даглас. Таа истакна дека самата никогаш не ги прочитала, но ги охрабри другите да го сторат тоа.

„Колку и да го сакам сопругот, немам намера да читам за него навечер, по долг и напорен ден“, се пошегува актерката, додавајќи дека сите треба да ја прочитаат неговата книга бидејќи е неверојатно возбудлива.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK