Синоќа се одржа овогодинешната Мет Гала, најпрестижниот моден настан во светот, а меѓу многуте ѕвезди се најде и Ким Кардашијан чиј фустан привлече големо внимание.
Имено, Ким се појави во проѕирен сребрен фустан од Џон Галијано, кој вклучува корсет и е украсен со листови. Корсетот привлече големо внимание кај луѓето на социјалните мрежи, а многумина се прашуваа како ријалити ѕвездата успеа да се вклопи во него. Некои коментираа дека ги извадила ребрата за да изгледа што послабо, а многумина се загрижиле за нејзиното здравје бидејќи не разбирале како дише во тесен корсет.
I can’t wait for someone interview Kim so I can watch her try to take enough air into her diaphragm to say a sentence #MetGala pic.twitter.com/BywGAH2HEC
— Libby (@Libbotomy) May 7, 2024
„Едвај чекам некој да ја интервјуира Ким за да можам да ја гледам како се обидува да внесе доволно воздух во нејзината дијафрагма за да каже реченица“, коментира еден корисник. “Како дише Ким Кардашијан? Нејзиниот струк изгледа толку мал”, рекол друг. „Половината на Ким Кардашијан е апсурдна. Нема да бидам хејтер, но всушност е загрижувачка, особено кога луѓето сакаат да бидат како неа“, напиша трет.
“Ким Кардашијан изгледа како да не може да дише. Тој корсет изгледа толку непријатно, но изгледа добро”, “Не ми се допаѓа Ким Кардашијан и не ми е гајле за неа, но тој корсет мора да боли како пекол” беа некои од коментарите.
Инаку, овогодинешниот официјален дрес код за настанот беше – градина на времето. Темата го добила името по расказот на британскиот писател Џ.Г. Балард од 1962 година, сместен во градина исполнета со проѕирни цвеќиња кои манипулираат со времето. Како и претходните години, така и оваа, црвениот тепих на њујоршкиот музеј на уметност, Метрополитен беше преплавен со прекрасни креации кои тешко може да се видат на друго место.