­

(Видео) Илон Маск си играше со приборот за јадење на вечера во Белата куќа, снимките станаа вирални


Screenshot-2025-03-24-074741.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Како што сопственикот на Икс, Илон Маск станува поблизок со американскиот претседател Доналд Трамп и неговата втора администрација, серија од неговите видеа станаа вирални на социјалните мрежи.


Последната го прикажува Маск со вилушка и две лажици.

Маск беше снимен како балансира конструкција составена од вилушка и две лажици на прстот за време на вечерата во Белата куќа. На видеото се гледа и Трамп, кој во тој момент разговара со друг гостин. Во друго видео, портпаролката на Белата куќа, Каролина Левит се чини дека прилично се забавува од неговата вештина.

Сепак, многу корисници на социјалните мрежи не беа воодушевени од оваа забава. Еден го нарече „циркус“. Други го опишаа како „неверојатно срамно“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK