Водителот Џими Кимел ја коментираше победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, а за време на говорот многумина ги забележаа неговите насолзени очи. Тој истакна дека тоа е „страшна ноќ“ и дека Американците „избрале криминалец“ за претседател.
„Повеќе од половина од земјата гласаше за криминалец кој планира сам себе да се помилува за неговите злосторства“, рече тој во својата емисија.