(Видео) Деми Мур ја игнорираше Кајли Џенер на Златните глобуси, снимката е вирална

Screenshot-2025-01-06-152349.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кајли Џенер (27) се најде во непријатна ситуација на доделувањето на Златните глобуси во неделата вечерта, кога добитничката на наградата Деми Мур едноставно ја игнорираше. Кајли на доделувањето на престижните награди пристигна во придружба на нејзиното момче, 29-годишниот актер Тимоти Шаламе и му се придружи на маса со неговите колеги.


@tchallover Kylie getting ignored at the golden globes this year by Demi Moore 🥸 #kyliejenner #timotheechalamet #demimoore90s #goldenglobes #fyyyyyyy ♬ originalljud – timothées real wife

Иако Кајли немаше проблем да се дружи со филмските ѕвезди Ел Фенинг и Моника Барбаро, ситуацијата со Деми Мур беше многу поинаква. Деми таа вечер прослави голем успех освојувајќи го Златниот глобус за најдобра актерка во филмот The Substance. По победата се приближила до масата на која седеше Кајли, но целосно ја игнорираше.

На видеото, Деми се гледа како возбудена разговара со Ел за нејзината победа, додека Кајли се обидува да се вклучи во разговорот. Свртувајќи се на столот, Кајли извика: „Честитки!“ кон Деми, која кратко одговорила: „Благодарам“, пред да продолжи да разговара со Ел. Ситуацијата стана уште понепријатна кога Деми ја прескокна Кајли и директно му се обрати на Тимоти, честитајќи му за неговите проекти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK