(Видео) Читач на усните открива што зборуваше Деми Мур кога и’ побегна Оскарот


demi-mur.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Актерката Деми Мур, ѕвездата на хорор филмот „Супстанција“, беше една од фаворитките за освојување на Оскар за најдобра женска улога, но победата сепак ѝ побегна и статуетката отиде во рацете на 25-годишната Мајки Медисон за нејзината улога во филмот „Анора“.


На социјалните мрежи вирално стана видеото од студената реакција на 62-годишната актерка.

Читателот на усните Никола Хиклинг за „Дејли мејл“ откри што рекла актерката во тој момент.

„Деми рече ‘убавo’, но не се насмевна кога го кажа тоа“.

Иако многумина беа воодушевени од победата на Мајки, обожавателите на Деми Мур се собраа на социјалните мрежи и се пожалија дека актерката е изоставена.

Имено, Деми ги освои сите главни награди за улогата во филмот освен БАФТА, поради што многумина и предвидуваа дека таа ќе добие Оскар за првпат, а фановите го опишаа нејзиниот пораз како „најголемата неправда во историјата на Оскарите“.

„Моето срце се скрши кога Деми Мур не го слушна нејзиното име. Ова беше нејзина година. Хоророт секогаш добива нефер третман“, гласи еден коментар.

Инаку, во својот говор Медисон им се заблагодари и на другите актерки номинирани во таа категорија, меѓу кои и Деми Мур.

„Сакам да ја истакнам внимателната, интелигентна, убава и неверојатна работа на моите колеги номинирани. Почестена сум што сум во ваше друштво. Ова е остварување на сонот, веројатно утре ќе се разбудам мислејќи дека сонувам“, рече таа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK