(Видео) Бред Пит виден на снимањето на новиот филм кој влезе меѓу 10-те најскапи во историјата

Screenshot-2024-10-29-070143.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бред Пит ги изненади сите присутни на патеката Формула 1 во Мексико, каде што ги снимаше сцените за неговиот најнов филм Ф1, кој треба да пристигне во кината во летото 2025 година. Тој се појави на тркачката патека за време на квалификациите за Големата награда на Формула 1, а моментот кога ја симна кацигата, а потоа и заштитната капа предизвика голема возбуда кај сите присутни.


После тоа, актерот замавна и ги поздрави воодушевените гледачи. Во еден момент тој истрча по патеката носејќи мексиканско знаме во рацете.

Филмот Ф1 е за возачот Сони Хејс, кој морал да се пензионира по тешка несреќа. Децении откако се пензионираше, тој излегува од пензија и се натпреварува против најсилните во тимот со млад возач. Сè уште нема трејлер за претстојниот филм, но на British Grand Prix беше премиерно прикажан тизер.

Филмските права ги купи Apple. Филмот ќе го режира Џозеф Косински, режисерот на Топ Ган: Маверик, а главни продуценти ќе бидат Џери Брукхајмер и седумкратниот Ф1 шампион Луис Хамилтон. Последните информации велат дека буџетот надминал 300 милиони долари, со што овој филм за Формула 1 е меѓу десетте најскапи филмови во историјата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK