Пејачката Бијонсе (43) настапи на полувремето од натпреварот во американски фудбал помеѓу Хјустон Тексанс и Балтимор Равенс. По неколку песни, на сцената и се придружи нејзината 12-годишна ќерка Блу Ајви, која ја доби со сопругот Џеј Зи.
За време на танцот и двете носеа кантри модни комбинации. Бијонсе носеше бело боди со извезени сребрени детали и соодветни панталони во каубојски стил, додека Блу Ајви носеше бели панталони со реси и бела маичка во стил на корсет.
View this post on Instagram
И двете имаа бели каубојски капи на главите.