Вереницата на Џеф Безос привлече внимание со фустан од 8.100 евра

Screenshot-2024-09-11-085529.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Милијардерот Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез се појавија на гала вечерата на фондацијата Керинг во рамките на модната недела во Њујорк.


На хуманитарната аукција, чиј домаќин беа актерката Салма Хајек и нејзиниот сопруг Франсоа-Анри Пино, се појавија многу познати фаци, а Санчез го привлече вниманието со своето издание.

54-годишната Санчез го украде вниманието со долг црн фустан од тантела, а комбинацијата ја комплетираше со накит и ја врза косата во пунџа. Инаку, се работи за фустан со потпис на модната куќа Оскар Де Ла Рента, чија цена е 9.000 долари или околу 8.100 евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK