Три серии доминираа на доделувањето на Еми наградите

12507083.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во неделата вечерта се одржа гламурозното доделување на Еми наградите, пришто трите серии „Хакс“, „Мечката“ и „Шогун“ доминираа  на настанот.


Приказната за ресторанот „Мечката“ освои три од четирите категории за комедии на наградите „Еми“.

Џереми Ален Вајт и Ебон Мос-Бахрач ги добија наградите за најдобар актер во комедија и споредна машка улога.

Лиза Колон-Заеус освои својата трета „Еми“ статуетка, овојпат за „Мечката“, за најдобра споредна женска улога во комедија.

Серијата „Шогун“ во продукција на HBO е прогласена за најдобра во категоријата најдобра драми, a „Хакс“ за најдобра хумористична.

„Шогун“ освои 18 награди, од кои и за најдобра актерка и најдобар актер –  Ана Сава и Хиројуки Санада.

Наградите за драма почнаа со награда за најдобра споредна женска улога во драма за Австралијанката Елизабет Дебицки, за нејзината улога во „Круната“.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK