Актерот Том Круз на своите пријатели секој Божиќ им го испраќа истиот подарок – торта направена од бело чоколадо и кокос. Ова го открија многу пријатели и колеги на Том кои со години го добиваат истиот подарок.
Минатата година тиктокерката Дејна Шварц, чиј сопруг работеше со Круз, покажа како изгледа тортата.
„Секоја година, Том Круз на стотици луѓе им праќа ист празничен подарок“, објасни таа. „Тој секогаш испраќа бела чоколадна торта од кокос“, откри таа. Нејзиниот сопруг со години работел како сценарист на бројни проекти со Круз и така завршил на листата. „Оваа торта е толку добра што се омажив за Иан главно поради неа“, се пошегува тиктокерката.
Кој друг ја добива тортата?
Актерката Коби Смалдерс, најпозната по улогата на Робин во „Како ја запознав мајка ти“, гостуваше во шоуто на Џими Фалон во 2022 година и го потврди истото. Двајцата го снимаа филмот Џек Ричер во 2016 година и оттогаш се во добри односи. Таа откри дека оттогаш актерот секоја година и праќа торта.
„Тоа е торта од бело чоколадо и кокос и морам да признаам дека е вкусна. Ја чувам во фрижидер и трае до март бидејќи секој момент земам парче. Не знам зошто, не сум ни љубител на слатко, но ова е одлично“, рече тогаш актерка.
View this post on Instagram
A post shared by Doan’s Bakery (@doans_bakery_woodland_hills)
Тогаш водителот Џими Фалон откри дека го добива истиот подарок и го нарече „Том Круз торта“. Претходно Кирстен Данст, Хенри Кавил и Џејмс Корден открија дека го добиваат истиот подарок. Патем, наведената торта е прекриена со слатко од бело чоколадо и рендан кокос, а може да се купи во пекарницата Доан во Вудленд Хилс, Калифорнија.
Том Круз еднаш раскажа како испраќа торта на широк список на познаници за празниците, а за тоа откри и малку чудна причина. „Сакам слатки, но ги избегнувам поради тренинзите и подготовките што ги поминувам за филмови. Затоа им ја испраќам тортата на сите“, вели тој.